Киев се откажува од идејата за насилно враќање на Донбас под своја контрола

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак изјави дека Киев не разгледува планови за враќање со примена на сила на териториите во Донбас кои не се под контрола на украинските власти.

Киев не разгледува начини за насилно враќање на „териториите на Луганск и Донецк“ под своја контрола, изјави министерот за одбрана на Украина Степан Полторак во интервју за германската телевизија „Дојче Веле“.

Притоа тој е убеден дека териториите на Донбас кои не се под контрола на Киев ќе се вратат под украинска контрола. „Убедени сме дека Донецк и Луганск се територија на Украина“, изјави министерот.

Полторак исто така изјави дека во текот на воената операција на југоистокот загинале 2655 украински војници. Според него, вкупно загнале повеќе од 10 илјади Украинци, а уште над 20 илјади биле ранети, додека Украина „загуби 43 илјади квадратни километри земја“.

Во април секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов најави офанзива во Донбас. Тој ги повика војниците „метар по метар, километар по километар да се движат кон Исток“ и потенцираше дека „најважно е да не ја прескокнеме границата“.

Претходно министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков исто така изјавуваше дека украинските безбедносни сили треба да бидат подготвени за „враќање“ на териториите кои не се под контрола на Киев. Во февруари тој изјави дека киевските власти имаат „конкретен план“ за враќање на Донбас. Истовремено министерот уверуваше дека „враќањето“ на Донбас треба да биде обезбедено по дипломатски, а не по воен пат, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња