Захарченко: ДНР има само една цeл, да се врати во Русија

Првиот човек на самопрогласената Донецка Народна Република Александар Захарченко изјави дека целта на ДНР е интеграција со Русија.

Во Донецк денес се одржува седница на комитетот за интеграција Русија-Донбас.

Ние имаме само една цел, а тоа е обединување со татковината, а татковината ни е Русија. Конечната цел на комитетот, севкупната негова работа е насочена само кон едно, на враќање во татковината, изјави Захарченко на седницата на комитетот за интеграција.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва не се обидува да ги интегрира во Руската Федерација самопрогласените Донецка и Луганска Народна Република, пренесува РИА Новости.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња