Како НАТО гледа на блокадата на руските социјални мрежи во Украина

НАТО соопшти дека указот на украинските власти за блокирање на руските социјални мрежи е прашање на безбедност, а не на слободата на говорот, пренесуваат медиумите.

Раководството на НАТО ја смета блокадата на руските сајтови во Украина за прашање на национална безбедност, а не на слободата на говорот, се вели во соопштението на прес-службата на Северноатлантската алијанса.

НАТО уште порачува и дека Алијансата соработува со Украина во процесот на реформи, вклучувајќи ја сферата на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и дека верува во „системот на одвраќање и рамнотежа“ кој дејствува во Украина, пренесува сајтот на украинскиот блогер Анаталој Шариј.

ЕУ претходно соопшти дека очекува од Украина објаснување во врска со блокадата на руските социјални мрежи во оваа земја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња