Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.
AP„Кај нас предизвикува голема загриженост тоа што се случува со имплементацијата на „Минската спогодба“, пред сѐ, како резултат на саботажата од страна на киевските власти. Има мноштво примери за тоа. Тоа се однесува на... целосното саботирање на политичкиот процес и организирањето на редовна база на вооружени провокации на линијата на разграничување, за да се има изговор за неисполнување на политичкиот дел од пакетот-мерки усвоен во Минск“, изјави Лавров.
Притоа шефот на руската дипломатија потенцира дека алтернатива за „Минската спогодба“ нема.
„Претседателот Путин потенцираше, како и канцеларката Меркел, меѓу другото, дека, без оглед на сето тоа, алтернатива за „Минската спогодба“ во моментов не гледаме, ништо поконструктивно во моментов не може да се разработи, затоа нашата заедничка линија се состои во тоа да се продолжи со работата и во рамките на „Нормандискиот формат“ – на ниво на лидери, на ниво на министри, на ниво на експерти - и во рамките, се разбира, на контакт-групата, каде што се застапени на иста маса и киевските власти и претставниците на Донецк и Луганск заедно со претставниците на Рускта Федерација и Организацијата за безбедност и соработка во Европа“, истакна Лавров, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче