Кремљ:за прашањето за миротворци во Донбас треба да разговараат сите страни

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков потсети дека Русија одамна се залага за воспоставување директен дијалог меѓу Киев и претставниците на ДНР и ЛНР.

Иницијативата на Киев за распоредување контингент со миротворци во зоната на конфликт во Донбас треба да биде дискутирана со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и Донецката и Луганската народна република. Ова го изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи го соодветниот предлог на претседателот на Украина Петро Порошенко, пренесува ТАСС.

„Ако се промовира инцијатива, тогаш таа подлежи на дискусија директно со страните во конфликтот, а како страни во конфликтот се Киев од една страна и непризнаените републики на Донбас од друга страна“, изјави Песков, потсетувајќи дека Русија „од многу одамна се залага за воспоставување директен дијалог меѓу Киев и претставниците на овие републики во интерес на изнаоѓање решение за оваа криза“.

„Освен тоа, неопходно е исто така да се разбере и односот спрема таквата иницијатива на ООН – колку е можно, колку се смета тоа за соодветно технолошки, политички и така натаму“, продолжи Песков, укажувајќи исто така на неопходноста од разбирање на позицијата на земјите од „Нормандиската четворка“ спрема наведеното прашање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња