Косачов: Одете во Киев да видете што прават со ветераните

Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата Констанитн Косачов им предложи на претставниците на Советот на Европа да го посетат Киев пред Денот на Победата и да се уверат како таму ги третираат ветераните од Втората светска војна.

Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константи Косачов му предложи на Советот на Европа по објавувањето на извештајот за Крим да го посети Киев пред 9 мај и да види „што се прави со ветераните на советската армија“.

„До Советот на Европа! Не сакате да дојдете на Крим, туку за ситуацијата таму повеќе судите врз основа на второстепени извори. Не ја посетивте ни Одеса на 2 мај, на третата годишнина од страшната трагедија за која никој не е казнет. Дојдете барем сега, пред 9 мај и особено на Денот на Победата над нацизмот, погледнете што ќе се случува во Киев со ветераните на советската армија кои се бореа против Хитлер, како и со нивните денешни следбеници“, напиша рускиот сенатор на својот „Фејсбук“ профил, пренесува RT.

Според него, претставниците на Советот на Европа „или ќе бидат мачно посрамотени поради своите предубедувања и двојните стандарди или нема да им биде мачно, но во тој случај тие се едноставно непотребни“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња