Тилерсон: Ситуацијата во Украина им пречи на односите меѓу САД и Русија

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во разговорот со претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека ситуацијата во таа земја претставува пречка за нормални односи меѓу САД и Русија, изјави вршителот на должноста портпаролот на Стејт департментот Мак Тонер.

Претставникот на Стејт департментот соопшти дека Тилерсон му се јавил на Порошенко и го уверил дека ѝ дал сигурни сигнали на Москва во текот на својата неодамнешна посета на Русија. Според Тонер, државниот секретар го уверил Порошенко дека „санкциите ќе останат на сила сѐ додека Русија не ѝ ја врати контролата над Кримскиот полуостров на Украина и не ги реализира во целост своите обврски согласно „Минската спогодба“, пренесува „Взгљад“.

Тилерсон исто така го повика Порошенко да го продолжи напредокот во борбата со корупцијата.

Според Тонер, Тилерсон му изјави на Порошенко дека „дејствијата на Русија на истокот на Украина претставуваат пречка за нормални односи со Русија“.

Покрај тоа, државниот секретар на САД и претседателот на Украина ја истакнаа важноста на имплементацијата на „Минската спогодба“ од сите страни, особено од бунтовниците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња