Русија нема да учествува во „Евровизија 2017“

Европската радиодифузна унија (EBU) во писмо до RT официјално потврди дека Русија нема да учествува во музичкото натпреварување „Евровизија 2017“ во Киев.

„По официјалната потврда дека на учесникот во „Евровизија“ од Русија Јулија Самојлова нема да ѝ биде дозволено да влезе во Киев заради учество во натпреварувањето, ЕВU официјално предложи две алтернативни варијанти до „Прв канал“, обидувајќи се да најде решение кое би ѝ овозможило на Русија да учествува годинава“, се вели во соопштението на EBU.  

EBU истакнува дека биле предложени две опции за решавање на проблемот: видео-пренос или замена на рускиот изведувач.

„За жал, двата предлога беа одбиени од „Прв канал“ и тие сега објавија дека немаат намера да го пренесуваат натпреварувањето „Евровизија 2017“. За жал, тоа значи дека Русија нема да може да учествува во натпреварувањето годинава. Ние многу сакавме сите 43 земји да можат да земат учество и направивме сѐ што можевме за постигнување на таа цел“, се вели во изјавата.

Претседателот на надзорниот совет на „Евровизија“ Франк-Дитер Фрајлинг истакна дека организаторите ја осудуваат забраната за влез за Јулија Самојлова, воведена од властите на Украина.

„Ние одлучно ја осудуваме одлуката на украинските власти да воведе забрана за влез за Јулија Самојлова, затоа што тоа во целост го поткопува интегритетот и неполитичкиот карактер на „Евровизија“ и нејзината мисија за обединување на сите народи во пријателска конкуренција“, изјави Фрајлинг, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња