Украина ѝ забрани влез во земјата на руската учесничка на „Евровизија“

Пејачката Јулија Самојлова, руската претставничка на „Евровизија 2017“, и нејзиниот сопруг Алексеј Таран на аеродромот Шереметјево.

Пејачката Јулија Самојлова, руската претставничка на „Евровизија 2017“, и нејзиниот сопруг Алексеј Таран на аеродромот Шереметјево.

Алексеј Филипов / РИА „Новости“
Украина ѝ забрани влез на својата територија на руската претставничка на „Евровизија“ Јулија Самојлова. Девојката со инвалидитет доби забрана за посета на Украина во период од три години поради нејзиниот настап на Крим во 2015 година.

Службата за безбедност на Украина ѝ забрани влез на територијата на земјата на Јулија Самоилова, руската учесничка во натпреварувањето „Евровизија“, кое ќе се одржи оваа година во Киев, соопшти портпаролот на СБУ Елена Гитљанскаја. На страницата на „Фејсбук“ на Гитљанскаја се вели дека забраната ќе важи три години. „Одлуката е донесена врз основа на нејзиното прекршување на законите на Украина“, тврди Гитљанскаја.

Како што претходно соопштија медиумите, Самојлова во јуни 2015 година учествувала на гала концерт на фестивалот „Светот на спортот и доброто“, кој се одржа во Керч на Кримскиот Полуостров. Украинските власти не ги признаваат резултатите од референдумот од март 2014 година на Крим, кога 96% од учесниците во плебисцитот се изјаснија за влегување на полуостровот во состав на Русија. Официјален Киев тврди дека посетата на Крим без поминување на украинските граничари и царинските службеници на копното е прекршување на законодавството на Украина.

Јулија Самојлова, која од детство има инвалидитет и се движи во инвалидска количка, беше избрана за руска претставничка на „Евровизија“ како резултат на интерен избор на „Првиот канал“. Ова беше соопштено на 13 март. Во исто време во Украина почна да се дискутира за можноста за забрана за влез во државата на руската пејачка.

„Циничен и нечовечки чин“

На одлуката на украинските власти реагираше руското Министерство за надворешни работи. „Ова е уште еден отворено циничен и нехуман чин на киевската власт“, изјави  заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин.

Претставникот на Европската радиодифузна унија, организаторот на натпреварот, изјави за агенцијата ТАСС дека сѐ уште се надева дека ќе се разреши ситуацијата со Самојлова. „Ние целосно очекуваме дека може да биде најдено решение за сите делегации да дојдат во Украина да учествуваат“, изјави портпаролот на ЕРУ Дејв Гудман, потенцирајќи притоа дека организацијата очекува да ја слушне од украинските власти „нивната конечна одлука“.

Претходно „Руска реч на македонски“ испрати до прес-службата на руската делегација на „Евровизија 2017“ прашање во врска со намерите руската страна, доколку Самојлова сепак не ја пуштат на територијата на Украина. Сепак оттаму не можеа да одговорат на прашањето на редакцијата, повикувајќи се на зафатеност на раководителот на делегацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња