Пистата на аеродромот Шајрат во сириската провинција Хомс не беше цел на нападот на САД и затоа таа може да се користи, изјави во петокот државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.
„Тој призна дека пистата сѐ уште може да се користи, но таа не беше целта“, истакнува Белата куќа во своето соопштение по средбата на Тилерсон со новинарите, пренесува РИА „Новости“.
Државниот секретар на САД додаде дека нападите на САД ја постигнале својата цел и уништиле една петтина од 7 единица на Военото воздухопловство на Сирија, се наведува во соопштението.
Претходно Тилерсон изјави дека реакцијата на Русија за нападот на САД врз Сирија го разочарала.
Според него, таа кажува дека Русија продолжува да го поддржува режимот на претседателот на Сирија Башар Асад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче