Киев не верува во можен бојкот на „Евровизија“

Киев смета дека нема да има бојкот на „Евровизија“.

Во завршниот дел од натпреварувањето „Евровизија 2017“ во Киев ќе настапат барем 42 учесници од планираните 43, смета украинскиот вицепремиер Вјачеслав Кириленко. Ова тој го изјави во етерот на „Украинско радио“.

Вицепремиерот уште еднаш потсети дека Русија на „Евровизија“ може да испрати изведувач кој не ги прекршил украинските закони. „Русија ќе пристигне со друг учесник - молам, ние ќе осигуриме безбедност, нормален престој и сѐ што е потребно во такви случаи. Ако не дојде - 42 учесници ќе учествуваат, и тие ќе бидат задоволни“, потенцира Кириленко.

Вицепремиерот заклучи дека Киев нема намера да ги прекрши сопствените закони и нормите на меѓународното право заради учеството „Евровизија“ на руската пејачка Јулија Самојлова, на која ѝ е забранет влез во Украина, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња