Киев одбива да направи отстапки за Самојлова

Киев не размислува за отстапки во однос на настапот на руската претставничка Јулија Самојлова на „Евровизија 2017“ во Киев, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин.

Украина нема да прави отстапки за руската натпреварувачка на „Евровизија 2017“ Јулија Самојлова, на која СБУ ѝ забрани влез во земјата, изјави шефот на украинската дипломатија Павло Климкин.

„Никакви отстапки, формални или неформални, не се разгледуваат. Ние зборуваме за спроведување на законот. Ако законот е прекршен, тогаш не можеме да зборуваме за никакви чекори“, изјави Климкин, одговарајќи на новинарско прашање дали не треба да ѝ се дозволи на Самојлова да учествува на „Евровизија“ поради можниот бојкот на натпреварувањето од други земји.

Тој истакна дека „законот е ист за сите“. „Ние сме приврзани на принципот на владеење на правото и единствено исполнувањето на нормите на законот ќе ни даде можност да ја продолжиме работата. Потсетив на тоа во мојот прв коментар и мислам дека ќе продолжиме така да се однесуваме“, изјави министерот за надворешни работи на Украина.

Претходно првиот човек на Европската радиодифузна унија (EBU) Ингрид Делтенре официјално ги извести властите на Украина дека неколку земји можат да се откажат од учество на „Евровизија“ поради одлуката на Службата за безбедност на Украина.

Притка Делентре истакна дека забраната „негативно ќе се одрази на меѓународниот углед на Украина“ и не исклучи Киев во иднина да биде отстранет од манифестациите на унијата, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња