Русија не ги прифаќа украинските услови за учество на „Евровизија“

Заменик-претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич соопшти дека предлогот на украинската страна да го замени рускиот претставник на „Евровизија“ нема да се разгледа.

„Предлогот на украинските власти да испратиме на „Евровизија“ друг учесник или учесничка нема ни да се разгледа. Ако се прифати, тоа значи дека Јулија Самојлова, настапувајќи на Крим, на територијата на Русија, прекршила некои украински закони. Тоа е апсурд, нонсенс, апсолутна бесмислица. Тоа во принцип е невозможно“, напиша политичарот на својата страница на „Фејсбук“.

Според него, предлогот на Киев е неприфатлив и поради друга причина.

„Таа лежи во личноста на самата девојка, којa со целиот нејзин живот го заслужи, поточно, го освои правото да настапува на „Евровизија“. Донесувањето поинаква одлука би било предавство спрема неа“, објасни Клинцевич.

Тој нагласи дека руската страна нема да го менува својот избор под никакви околности.

„Русија буквално ја туркаат кон бојкот на овој настан и така на наше место би постапила секоја цивилизирана држава која се почитува себеси“, додаде Клинцевич, пренесува RT.

Претходно вицепремиерот на Украина Вјачеслав Кириленко изјави дека Киев ќе го прими претставникот на РФ на „Евровизија 2017“ единствено ако Јулија Самојлова ја замени друг Русин, кој нема проблеми со украинските закони.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња