Рубљата станува официјална парична единица во ЛНР

Советот на министри на самопрогласената Луганска народна република наложи руската рубља да стане официјална парична единица во републиката.

Соодветниот указ е објавен на сајтот на владата на самопрогласената ЛНР.

„Се утврдува дека основна парична единица на територијата на Луганската народна република е руската рубља“, се вели во документот.

Се истакнува дека мерката е донесена со цел стабилизација на финансиско-монетарниот систем, како и во врска со реализација на трансакции на територијата на самопрогласената република првенствено во руски рубли.

Указот стапува на сила на 1 март, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња