Претседателот на Украина Петро Порошенко повторно изјави дека постои опасност од „тотална војна“ со Русија.
„Рускиот воен контингент на југоистокот, во приднестровскиот дел на Молдавија, исто така, според мое длабоко убедување, може во секој момент да биде употребен за напад врз нашите територии и претставува закана за нашите граници“, изјави Порошенко на состанокот со раководниот состав на Вооружените сили на Украина.
Покрај тоа, тој ја обвини Русија за зајакнување на военото присуство на Крим.
„Опасноста од тотална војна со Русија е и понатаму присутна“, додаде Порошенко, пренесуваРИА „Новости”.
Украинскиот лидер исто така изјави дека властите на земјата во 2017 година за развој и набавка на ново вооружување ќе издвојат околу 333 милиони долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче