Киев повика на Русија да ѝ се одземе правото на вето во СБ ООН

Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин предложи на Русија да ѝ се одземе правото на вето во Советот за безбедност на ООН.

„Советот за безбедност треба да биде способен ефикасно да реагира на „крвави конфликти“, без оглед на можното присуство на страните во конфликтот на оваа маса во својство на постојан член на Советот за безбедност на ООН“, изјави Климкин на седницата на Советот за безбедност за нерешени конфликти во Европа, соопштува агенцијата УНИАН.

Шефот на украинската дипломатија потсети на третиот став од 27 член на Повелбата на ООН, според кој „страната која учествува во спорно прашање, треба да се воздржи од гласање при донесувањето одлука“. Според него, оваа точка продолжува да биде игнорирана, што е неприфатливо.

Климкин исто така го нарече постојаното членство на Русија во Советот за безбедност на ООН „постојан проблем“, уште еднаш обвинувајќи ја Москва за „разгорување“ на конфликти во Европа. „Последниве децении Европа се соочува со низа конфликти. Тие конфликти, кои остануваат нерешени, имаат една заедничка карактеристика – активна вклученост на Русија, особено, во стратегијата на разгорување, учество и поддршка.. за создавање на променливи жешки точки ширум целиот континент“, изјави дипломатот, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња