Песков: Русија не праќа доброволци во Донбас

Русија не испорачува тенкови и не праќа доброволци во Донбас, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Истовремено, се разбира, ние знаеме дека има државјани на Русија кои доброволно заминуваат во регионот за заштита на луѓето од агресивните дејствија на Вооружените сили на Украина“, одговори портпаролот на барањето да ги коментира зборовите на пратеникот на Државната Дума Сергеј Железњак во емисијата „60 минути“ дека нови доброволци заминуваат за Украина за да учествуваат во борбите.

Според Песков, Киев треба да биде прашан зошто настана таквата ситуација во Донбас.

„Тоа е сепак Украина – тоа се реони кои не се под контрола на Киев, но тоа е Украина, без оглед на тоа што Киев ревносно ги отфрла тие региони“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.

Затоа, токму до Киев треба да се адресира прашањето за причините за „сериозното шлајфување" на „Минската спогодба“, заклучи портпаролот.

Претходно медиумите соопштија дека самопрогласените ДНР и ЛНР располагаат со 700 тенкови, трипати повеќе отколу Вооружените сили на Украина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња