Лавров: ОБСЕ ја потврди одговорноста на Киев за заострувањето во Донбас

Радикалните и националистичките сили во Киев се одговорни за новата ескалација во Донбас, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, цитирајќи ги податоците од извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Според Лавров, како резултат на гранатирањата од страна на украинските сили гине цивилно население, се уништува инфраструктурата, луѓето на студ остануваат без топла вода, струја и греење, пишува „Известија“.

„Последниве денови ситуацијата на југоистокот на Украина нагло се влоши. Одговорноста за новата рунда ескалација ја сносат радикалните и националистичките сили во Киев. Тоа документирано се потврдува со извештаите на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ“, изјави Лавров.

Тој истакна дека сите се сведоци на најгрубо кршење на „Минската спогодба“ од страна на Киев, која во главниот град на Украина не ни имаат намера да ја реализираат. Киев, напротив, се обидува да дојде до решение по воен пат. Лавров укажа дека е добро познато како завршија таквите авантури за Киев во 2014-2015 година.

Ако Киев навистина сака да постигне мир, треба веднаш да го прекине огнот и да почне со реализација на „Минската спогодба“, вклучително и на нејзините политички аспекти, бидејќи нема алтернатива за неа и „топката сега е кај Киев“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња