Русите им веруваат на ФСБ, армијата и на Путин

Русите им веруваат на ФСБ, армијата и на Путин

Анкетата ги покажа највлијателните институции во Русија.

Шефот на државата ја игра главната улога во животот на Русија во моментов. Доказ за ова се податоците од истражувањето на „Левада центарот“. Социолозите побараа од испитаниците да ја оценат улогата на различни државни и јавни институции во животот на земјата на скала од 5 поени (од 1 – „практично никаква“ до 5 – „многу голема“).

Претседателот Путин доби 4,65 поени. Според податоците на социолозите, важноста на неговата улогата постојано се зголемува од година во година. Така, во јануари 2016 година Русите ја оценија улогата на шефот на државата со 4,57 поени, во 2015 година тој доби 4,5 поени, во 2014 година - 4,21, а во 2013 година - 4,17 поени.

Второто место го делат Вооружените сили на РФ и Федералната служба безбедност (ФСБ). Тие добија по 4,1 поени. Двете институции, исто така, ги зајакнаа своите позиции во однос на минатата година. Важноста на армијата се зголеми за 0,01 поени, а на ФСБ - за 0,07 поени.

Прагот од 4 поени исто така го поминаа и администрацијата на претседателот и владата.

Најнезначајна улога во животот на земјата играат политичките партии, интелектуалците и синдикатите, велат резултатите од истражувањето.

Анкетата беше спроведена на 20-23-ти јануари 2017 година меѓу 1,6 илјади луѓе на возраст над 18 години во 137 населени места на 48 региони на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња