Во Данска почина најстариот од родот Романови, кнезот Димитриј Романович, пренесува „Росијскаја газета“.
Како што се истакнува, за неговата смрт соопшти неговата сопруга Феодора Алексеевна. Димитриј Романович почина на 90-годишна возраст. Причините за неговата смрт не се соопштуваат.
Димитриј Романович е роден на 17 мај 1926 година во Франција. Тој е најмалиот син на кнезот Роман Петрович и грофицата Прасковја Дмитриевна Шереметјева, праправнук на Николај I по помладата машка линија. Припаѓа на гранката „Николаевичи“ од родот Романови, признаен е за глава на Куќата Романови од мнозинството потомци на последниот руски император.
Се занимаваше со општествена дејност, меценатство и добротворна работа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче