Трупот на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија, кој падна во водите на Црното море во неделата наутро, е откриен дното на морето на приближно една милја од брегот, соопшти Јужниот регионален одред за потрага и спасување (ЈРОПС).
„Во 13:20 часот нуркачите на ЈРОПС на Министерството за вонредни состојби на РФ го најдоа во Црното море трупот на авионот кој претходно се сруши. Според првичните информации, остатоците се наоѓаат на длабочина од 27 метри на оддалеченост од една милја од брегот во правец на пистата“, изјави за „Интерфакс“ во понеделникот претставник на одредот.
Претходно извор на „Интерфакс“ соопшти дека сонарот на еден од бродовите регистрирал на околу 1,5 км од брегот на дното некаква конструкција, слична со контурите на трупот на авионот, длабоко потоната во тињата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче