Текстот на говорот на министерот е објавен на сајтот на МНР РФ.
Лавров истакна дека во моментов Алијансата создала „затворен натоцентричен систем“ и работи на распоредување на своите сили и воената инфраструктура на Исток.
„Земјите-членки на НАТО треба да ги прекина воените активности и распоредувањето на инфраструктурата на границите со Русија“, потенцираше Лавров, пренесува РТ на руски.
Според него, сѐ додека Алијансата создава воена реалност во однос на Русија, невозможно е да се обнови довербата и да се започне дијалог.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека во случај на потреба, Алијансата е подготвена на засилување на военото присуство на истокот на Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче