„Евровизија“ сепак ќе се одржи Украина

Организаторот на „Евровизија“ изјави дека манифестацијата нема да се одржи во друга земја освен Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕРУ), која е организатор на „Евровизија“, ги демантираше информациите за можно префрлање на натпреварот во 2017 година од Киев во Москва. Такви планови нема, изјавија за „Дојче Веле“ од ЕРУ.

За таквиот развој на настаните соопшти изданието „Билд“. Притоа се истакнува дека преговорите за можно преместување на местото на одржување сѐ уште не значат дека манифестацијата ќе се одржи во друга земја.

Одлуката за барање ново место на одржување на натпреварувањето беше донесена поради тоа што Киев сѐ уште нема доставено финансиски гаранции до организаторите на „Евровизија“. Трошоците за натпреварувањето последниве години варираат од 17 до 25 милиони евра, пишува изданието. Притоа организацискиот комитет ја покрива сумата во износ од 10 до 14 милиони евра, додека остатокот од сумата треба да биде покриен од домаќинот на настанот, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња