Медиуми: Можна посета на Трамп на Русија по инаугурацијата

Доналд Трамп ќе ја посети Русија по 20 јануари, пишува „Известија“, повикувајќи се на висок извор во Републиканската партија на САД.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја посети Русија по официјалното стапување на должноста кое ќе се одржи на 20 јануари, Ова го пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на висок извор во Републиканската партија на САД.

Според соговорникот на изданието, одлуката за одложување на посетата, која била предвидена за порано, била донесена „по некои консултации во тимот“.

Како што истакнува американскиот политиколог Дмитриј Сајмс, патувањето во Русија пред инаугурацијата на Трамп би можело да биде оценето како поткопување на политиката на актуелната администрација, затоа одложувањето на посетата е правилен чекор.

„Во моментов претседател на САД е Барак Обама и  не треба да се прават нагли и непромислени чекори“, смета политикологот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња