Русија го потврди учеството на „Евровизија“ во Украина

Претставници на 43 земји, вклучувајќи ја и Русија, ќе учествуваат во „Евровизија 2017“, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на натпреварувањето.

„На изборот на песна на „Евровизија 2017“ во Киев ќе земат учество рекорден број на земји – 43“, соопштија организаторите, пренесува „Взгљад“.

На листата со учесници се Албанија, Ерменија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Малта, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Украина и Велика Британија. Се истакнува дека Романија и Португалија минатата година не настапуваа на „Евровизија“.

Полуфиналето на „Евровизија“ ќе се одржи на 9 и 11 мај, а финалето на 13 мај, наведуваат организаторите.

Во септември, медиумите објавија дека Киев има намера да го одржи отворањето на „Евровизија 2017“ на територијата на Соборниот храм „Св. Софија“.

Претходно министерот за култура на Украина Евгениј Нишчук изјави дека украинските власти нема да дозволат учество на „Евровизија 2017“ на руски изведувачи кои се наоѓаат на црниот список на Службата за безбедност на Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња