„Нормандиската четворка“ го договори она што треба да биде сторено во најскоро време, вклучувајќи и повлекување на страните во конфликтот на југоистокот на Украина, изјави претседателот Владимир Путин за новинарите.
„Прво. Се однесува на реализацијата на „Минската спогодба“. Сите учесници на средбата потврдија дека во основата на регулирањето на југоистокот на Украина треба да биде „Минската спогодба“, сите ја потврдија својата приврзаност кон тој договор“, изјави Путин по преговорите во Берлин, пренесува РИА „Новости“.
Претседателот исто така истакна дека учесниците на средбата им посветиле многу време на прашањата за безбедноста.
„Се договоривме по низа ставови за она што треба да биде направено во најскоро време во смисла на понатамошното решавање на прашањата“, додаде рускиот лидер,
Според Путин, овие прашања се поврзани со повлекувањето на силите во зоната на конфликтот. Исто така, според зборовите на претседателот, „четворката“ ја потврдила подготвеноста да ја прошири мисијата на ОБСЕ во Донбас – на пример, во зоната на повлекување и чување на тешката техника.
Притоа учесниците во преговорите успеаја да дефинираат само дел од прашањата од хуманитарен карактер за Украина.
„За жал, овде не успеавме да постигнеме многу, но изразивме подготвеност да ги решаваме прашањата од хуманитарен карактер“, изјави Путин во текот на брифингот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче