Во Донецк заврши церемонијата на збогување со загинатиот командантот на бунтовничките сили на самопрогласената Донецка Народна Република Арсениј Павлов – Моторола. Според информациите од градските власти, во неа учествувале околу 10 илјади луѓе.
Со Моторола се збогуваа претставниците на раководството на ДНР, министрите и другите официјални лица, пренесува „Взгљад”.
Во поворката учествуваа илјадници жители на републиката. Според првичните податоци, станува збор за околу 10 илјади луѓе.
Претставник на Министерството за одбрана на ДНР соопшти дека во интернет-акцијата посветена на споменот на Моторола учествувале околу 5 илјади луѓе.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче