Конашенков до Џонсон: Вашите докази не вредат ниту едно пени

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков ги отфрли обвинувањата од страна на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон кој ја обвини Русија за вмешаност во нападот врз хуманитарниот конвој во сирискиот град Алепо и побара да се презентираат докази за наводните тврдења.

Според генералот Игор Конашенков, изјавата на британскиот министер е дел од „хистеричниот страв од Русија кој редовно го потпалуваат одделни припадници на британскиот естаблишмент“.

„На подрачјето на нападот врз хуманитарниот конвој во Алепо на 19 септември  немаше руски авиони“, изјави Конашенков. Тој нагласи дека во моментов единствено рускиот воен ресор презентираше видео снимка која јасно покажува дека во составот на хуманитарниот конвој се наоѓа минофрлач со голем калибар.

Почнувајќи од 20 септември се забележува трет бран обвинувања за наводна вмешаност на Русија во нападот врз хуманитарниот конвој во Алепо. И секој пат повторно сведоштва на таканаречени сведоци-волонтери, кои подоцна се покажува дека се припадници на „Фронтот Нусра“. Потоа за некакви „несоборливи докази“ на американските разузнавачки служби кои неодамна во Конгресот на САД лично ги оспори генералот Џозеф Данфорд, шеф на Здружениот комитет на началници на штабовите на вооружените сили на САД, изјави Конашенков.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана истакна дека британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, обвинувајќи ја Русија, повикува на некакви „јавно достапни“ сателитски снимки. Обраќајќи се до Џонсон Конашенков го праша дали би можел тие „јавно достапни фотографии“ да ги покаже уште некому и му укажа дека сите изречени наводни „докази“ во спротивно нема да вредат ниту едно пени, пренесува „Комерсант“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња