22 руски универзитети меѓу најдобрите во светот

Компанијата „Квакарели Симондс“ (Quacquarelli Symonds – QS) објави меѓународен рејтинг на универзитети за 2016 година. Во рејтингот се најдоа 22 руски високообразовни установи.

Најдобар руски универзитет, како и минатата година, е Московскиот државен универзитет (МГУ), пренесува РИА „Новости“.

Според составувачот на рејтингот, компанијата „Квакарели Симондс“ (Quacquarelli Symonds – QS), МГУ е на 108 место на листата.

Санктпетербуршниот државен универзитет падна за две места во споредба со лани и го зазеде 258 место. Во топ-300 влезе и Новосибирскиот државен универзитет - на 291 место.

Во десетте најдобри руски универзитет исто така влегоа и МГТУ „Бауман“, Московскиот физико-технички универзитет, Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Томскиот државен универзитет, Томскиот политехнички универзитет, како и „МИФИ“ и „Високата школа за економија“.

Со новиот рејтинг четири руски универзитети се здобија со повеќе од 100 поени – Томскиот државен универзитет, МИФИ, Далечноисточниот федерален универзитет и Воронешкиот државен универзитет.

На првите три места на листата се американските универзитети – МИТ, Стенфорф и Харвард.

Потоа следуваат и англискиот Кембриџ и Калифорнискиот технолошки институт.

Вкупно со рејтингот на QS за 2016 година се опфатени универзитети од 80 земји. Најголем скок направиле универзитетите во земјите во развој: од Блискиот Исток, од Јужна Америка и Африка.

При составувањето на листата се земени предвид неколку показатели: авторитетот на универзитетот во сферата на научните истражувања, соодносот на наставниот кадар и бројот на студентите, индексот на цитираност на научните публикации, репутацијата на универзитетот меѓу работодавачите, застапеноста на странски студенти и предавачи од странство.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња