„Россотрудничество“ работи на поедноставен прием во руските универзитети

„Се надевам дека со заеднички напори на „Руски свет“ и на министерството за образование ова прашање ќе има перспектива за реализација“, изјави раководителот на „Россотрудничество“ Љубов Глебова.

Россотрудничество“ предлага да се поедностави процедурата за прием во високобразовните установи во Русија за странските студенти кои се подготвени да платат за своето школување, изјави раководителот на „Россотрудничество“ Љубов Глбова, говорејќи на форумот „Едно со Русија“ организиран на иницијатива на фондот „Руски свет“ (Русский мир).

„Во моментов е важечка квотата (за студирање на странски студенти во високообразовните установи на РФ) од 15 илјади души. Работиме на тоа да ја поедноставиме процедурата за избор на оние кои не одговараат на квотите, а за сметка или со свои средства, или со средства на работодавачот кој е подготвен да го плати студирањето“, изјави Глебова.

Се надевам дека со заеднички напори на „Руски свет“ и на министерството за образование ова прашање ќе има перспектива за реализација“, додаде таа, пренесува ТАСС.

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња