Русија се надева дека Киев ќе го исплати долгот од 3 милијарди долари, но во контекст на изјавите за одбивање да го стори тоа, подготвена е да ги употреби сите инструменти за да ги заштити своите интереси, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
„Несомнено, ние и понатаму очекуваме украинската страна да ги исполни своите неопходни суверени обврски. Во контекст на изјавите за одбивањето да го стори тоа, како што повеќепати зборувавме, Русија ќе ги искористи сите мерки предвидени со меѓународното законодавство за заштита на своите интереси, изјави Песков, пренесува „Взгљад”.
Во петокот извор, близок до администрацијата на рускиот претседател, соопшти дека, во случај властите на Украина да одбијат да ѝ го исплатат на Русија долгот од 3 милијарди долари, Москва може по судски пат да бара замрзнување на активата на Киев во странство.
Вчера Русија побара од судот во Лондон да го забрза разгледувањето на тужбата за долгот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче