Украина: Не треба да ѝ вратиме на Русија 3 милијарди долари

Министерот за финансии на Украина Александар Даниљук објасни дека се работи за „политички кредит“ кој бил земен под присила.

Украина не треба да ѝ ги врати на Русија 3 милијарди долари кои ги доби додека на власт беше поранешниот претседател Виктор Јанукович, изјави министерот за финансии на Украина Александар Даниљук.

„Тоа беше политички кредит кој бевме натерани да го земеме”, изјави министерот за „Еспресо.TV“.

„Нашиот став е дека ние не треба да ги вратиме тие пари“, додаде Даниљук.

Министерството за финансии на Русија на 17 февруари поднесе тужба во Врховниот суд во Лондон против Украина со цел наплата на долгот во висина од 3,075 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња