Војникот на Вооружените сили на Руската Федерација Никита Шевченко загина во сириската провинција Алепо, соопшти управата за прес-служба и информација на Министерството за одбрана на Русија.
„Во провинцијата Алепо, при извршување задачи за придружба на колона автомобили на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сириската Арапска Република загина рускиот професионален војник Никита Шевчнко...“, се вели во соопштението.
Војникот бил во автомобил кој ја придружувал колоната со прехранбени производи и вода за локалните жители. На влезот во населеното место во близина на автомобилот била активирана самоделна експлозивна направа. Руските воени лекари се бореле за животот на тешкоранетиот Шевченко, меѓутоа не успеале да го спасат.
Во Сирија во текот на воената операцијаа на руските Вооружени сили загинаа 14 руски војници.
Војникот е постхумно предложен за државно одликување, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче