Медиум: Зошто на Олимпијадата ѝ е потребна Русија

Во екот на драматичните спорови за тоа како Русија треба да биде казнета за допингот, очигледна е „неудобната правда“ – без руските атлетичари Олимпијадата во Рио ќе биде помалку возбудлива и помалку привлечна за гледање, пишува Вол Стрит Џурнал“.

Аналитичарот на  Вол Стрит Џурнал“. Меју Футерман признава дека неговата статија не содржи повик да им се дозволи на руските спортисти учество во Игрите. Меѓутоа, очигледно е дека без нив Олимпијадата ќе загуби многу.

Според мислењето на авторот, Олимписките игри беа најзабавни кога лице в лице се судираа „двете суперсили“. Во 1970-те и 1980-те годи соперништвото меѓу Западот и Истокот на Олимпијадата „се перципираше како цивилизирана форма на војна“. Тогаш Западот ги претставуваше СССР и Демократска Република Германија како „негативнци“ кои, како што претпоставува аналитичарот, ги заслужуваа своите противници.

По падот на „железната завеса“ Олимпијадите одеднаш станаа многу помалку возбудливи, смета Футерман. Но последниве години на Игрите повторно почна да се гледа „убавината“ на студената војна – претседателот Владимир Путин ги  направи настапите на Русите на Олимпијадите и другите меѓународни натпреварувања потврда на тоа дека неговата земја си ја враќа силата.

Целосното исклучување на руската репрезентација се заканува да ја претвори Олимпијадата во непрекината низа на победи на САД, како што беше во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес, кога СССР ги бојкотираше. Тогаш Америка освои „апсурдни“ 174 медали. Втора по вкупниот број освоени медали беше Романија со 53 медали. Сега САД можат да се споредуваат со Кина, но Кинезите ги освојуваат своите медали во пинг-понг и бадминтон, а тоа воопшто не е тоа, пишува колумнистот на весникот.

Олимпијадата во Сочи покажа дека на Русија ѝ се потребни Игрите за да го воспостави својот авторитет во XXI век. Но, и на Олимписките Игри исто така им е многу потребна Русија, резимира Футерман.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња