МОК до крајот на неделата ја одложи одлуката за исклучување на Русија од ОИ

Во претходно објавениот извештај на Светската антидопинг агенција (WADA) се наведува дека Московската антидопинг лабораторија ги штитела руските атлетичари кои земале допинг во текот на Зимските олимписки игри во Сочи, а дека Министерството за спорт на Русија раководело со овие манипулации.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) до крајот на оваа недела ја одложи одлуката за евентуално исклучување на репрезентацијата на Русија од Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, соопшти шпанскиот весник „Марка“ (Marca), пренесува „Взгљад”.

Претходно медиумите објавија дека Меѓународниот олимписки комитет нема да донесе одлука за исклучување на руската репрезентација од Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро пред да донесе одлука за руските атлетичари Судот за спортска арбитража (CAS).

Во извештајот на Светската антидопинг агенција (WADA) се наведува дека Московската антидопинг лабораторија ги штитела руските атлетичари кои земале допинг во текот на Зимските олимписки игри во Сочи, а дека Министерството за спорт на Русија раководело со овие манипулации.

WADA исто така соопшти дека лабораторијата за антидопинг во Сочи користела униктен метод на замена на примероците и дека во овој процес била вклучена Федералната служба за безбедност на Русија. Покрај тоа, се тврди дека министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко бил запознаен со сите манипулации со допинг примероците и дека директно влијаел на нивната замена за време на Олимписките игри.

Коментирајќи го извештајот, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се работи за политичко мешање во спортот и изрази сомнеж за веродостојноста на информациите кои на Светската антидопинг агенција ѝ ги соопштиле свиркачите.  Претседателот додаде дека службените лица чии имиња се наведени во извештајот ќе  бидат привремено суспендирани од нивните функции додека истрагата не заврши.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња