Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборуваше за исходот од преговорите со Москва во рамките на Советот Русија-НАТО, соопштува „Асошиејтед Прес“.
Според него, НАТО ја информирало Русија „за важните одлуки за зајакнување на нашата безбедност донесени минатата недела во Варшава“. „Русија, од своја страна, ни ги соопшти чекорите кои таа ги презема“, изјави тој.
Генералниот секретар на НАТО изјави дека Москва и Брисел не успеале да постигнат меѓусебно разбирање по прашањето за ситуацијата во Украина. „Не можам да кажам дека денеска бевме на иста бранова должина“, коментираше Столтенберг.
Притоа тој истакна дека определен напредок бил постигнат: Русија дала предлог за постојано користење на транспондери во текот на борбените летови над Балтичкото море. Тој чекор може да го намали ризикот од судир на небо. Столтенберг вети дека членките на НАТО детално ќе го проучат тој предлог.
Од своја страна рускиот постојан претставник во НАТО Александар Грушко изјави дека НАТО создава нова реалност во Европа што ја поткопува воената безбедност.
Според него, патот до стабилизацијата на Европа лежи, пред сѐ, преку замрзнување на одлуките распоредување нови сили на НАТО во Источна Европа, а козметичките мерки на доверба нема да ги решат проблемите, пишува „Лента.ру.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче