Претседателот на САД Барак Обама ѝ предложил на Русија да склучат нов договор за воена соработка во борбата со тероризмот во Сирија, пишува „Вашингтон Пост“.
„Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама ѝ предложи на руската влада нов договор за Сирија кој ќе ја продлабочи воената соработка меѓу двете земји во борбата против терористите“, пишува весникот.
Според информациите на изданието, во замена Русија треба да ја убеди владата на Башар Асад да го прекине бомбардирањето на бунтовниците кои ги поддржува САД.
Претходно портпаролот на Пентагон Метју Ален изјави дека Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за одбрана на Русија и САД „функционира ефикасно“.
Притоа Ален потенцираше дека САД не планираат заеднички воени операции со Русија во Сирија и дека не разгледуваат со неа прашања за воена соработка и имаат намера и понатаму да ги помагаат „локалните сили“ кои се борат против „Илсамската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче