Кличко ја обвинува Русија дека сака да го заплени киевското метро

Киевското метро ѝ должи над 70 милиони евра на руската компанија „Укррослизинг“.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко се обрати до претседателот на Украина Петро Порошенко, како и до Советот за национална безбедност на земјата со барање да го заштитат метрото на Киев од претензиите на руската компанија за лизинг „Укррослизинг”  која планира преку суд да наплати од киевското метро долг во износ од 2 милијарди гривни (околу 71 милион евра), се наведува во соопштението на  администрацијата на градот.

„Само благодарение на тоа што на време поднесовме жалба, успеавме да ја спречиме конфискацијата на вагоните и да избегнеме сообраќаен колапс во главниот град. Но, и покрај тоа, ситуацијата е далеку од решение“, изјави Кличко, пренесува „Рамблер Њуз Сервис”.

Долгот на киевското метро настана во периодот од 2010 до 2013 година. Метрото има изнајмено 100 вагони од руската компанија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња