Што ќе значи национализацијата во Украина за руските фирми?

Извор: Евгениј Котенко

Извор: Евгениј Котенко

Во украинскиот парламент е ставен на разгледување нацрт-законот кој дава правни основи за национализација на имотите на руските државјани и компании на територијата на Украина. Според експертите, инвеститорите од Русија се присутни во најзначајните области на украинската економија, така што национализацијата на нивните активи ќе ги одврати од земјата другите странски инвеститори.

Во украинскиот парламент е ставен на разгледување нацрт-законот „За национализација на имотот на државата-агресор и на нејзините резиденти“, кој дава правна основа за национализација на имотот на руските граѓани и компании во Украина. За донесувањето на новиот документ свое мислење веќе дадоа најголемите фракции на украинскиот парламент, соопштува рускиот бизнис-весник Комерсант. Парламентарците предлагаат конфискација на подвижниот и на недвижниот имот, на банкарските влогови, хартиите од вредност и на другите активи што им припаѓаат на руските државјани „непосредно или преку афилирани лица“. Доколку законот биде донесен крајниот список на компаниите за национализација треба да го состави украинската влада. Како резултат на тоа можат да бидат национализирани украинските „ќерки“ на најголемата руска банка Сбербанк и на националниот авиопревозник Аерофлот. „Земајќи ја предвид антируската позиција на раководството на Украина не треба ништо да биде исклучено. Мислам дека ваквата одлука ќе предизвика негативна реакција не само во Русија, туку и во ЕУ“, вели проректорот на Руската академија за народно стопанство јавна и администрација Андреј Марголин. 

Вредност на бизнисот 

Рубљата стана најпрофитабилна валута во светот
Од почетокот на февруари до почетокот на април руската рубља се зацврсти за 22.3%, што ја прави најпрофитабилна валута во светот. Експертите засега не се уверени дека наглото зацврстување на рубљата ќе биде долгорочна тенденција: претходно во декември 2014 година руската валута падна во однос на американскиот долар и на еврото речиси двојно.

Според официјалните податоци од Министерството за индустрија и за трговија на Русија, во 2014 година размената помеѓу Украина и Русија се намалила за 43%. Како што забележува Андреј Марголин, прекинот на економските врски со Русија ќе има негативно влијание врз состојбата на украинската економија. „Политичките ризици за руските компании во Украина на долг рок ќе значат лишување од странски инвестиции“, се согласува аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Тимур Нигматулин. 

Во моментов руските инвеститори се присутни во најразлични области на украинската економија. Така, еден од најголемите производители на храна за деца во Украина е Хорољскиот комбинат, кој е во рацете на рускиот бизнисмен Константин Малофеев. Од друга страна руската компанија „Русал“ е акционер во Николаевската фабрика за глина во Запорошкиот алуминиумски комбинат кој не работи. Освен тоа, руската државна банка Сбербанк, според податоците на Централната банка на Украина од 1 јули 2014 година, го зазема осмото место според активите во Украина (2.9 милијарди американски долари). А, трговијата со цигари во Украина се одвива преку најголемиот тутунски дистрибутер во земјата, руската компанија „Мегаполис“ (со добивка од 1.9 милијарди американски долари во 2013 година). 

Прашање на долгот 

Истовремено со овој нацрт-закон за национализација што е ставен на разгледување во Врховната рада, украинската влада реши да ги реструктуира своите долгови. За сметка на реструктуризацијата Украина треба да заштеди на обврските за надворешниот долг 15 милијарди американски долари до 2019 година. Русија е втор по големина кредитор на Украина (3 милијарди американски долари) по американскиот фонд Franklin Templeton, кому му припаѓаат украински облигации во вредност од 7.6 милијарди американски долари. Притоа руските власти се изјаснуваат против реструктуризацијата на украинскиот државен долг и очекуваат исплаќање на заемите до декември 2015 година, се вели во официјалното соопштение на руското Министерство за финансии. 

Впрочем, според експертите, надеж за помирување дава фактот што руски Гаспром и украинската компанија Нафтогас на почетокот на април 2015 година успеаја да се договорат за давање попуст за гасот. „Известувањата за постигнувањето договор за намалена цена на гасот за Украина до 248 американски долари за илјада кубни метри гас дава надеж за стабилизација за геополитичката состојба“, вели Аљона Афанасјева, виш аналитичар на Forex Club.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња