16 милиони луѓе во Русија учествуваа во манифестации на Денот на Победата

Празничните манифестации во градовите во Русија почнаа утрото на 9 мај и завршија доцна вечерта со огномети.

Шеснаесет милиони луѓе учествуваа во празничните манифестации во Русија по повод Денот на Победата во Големата Татковинска војна, соопшти портпаролот на МВР РФ Ирина Волк, пренесува РИА „Новости“.

„Јавниот ред и безбедноста на граѓаните ја обезбедуваат полицајците заедно со припадниците на Националната гарда, со приватните фирми за обезбедување, членовите на доброволните народни друштва и претставниците на општествените организации“, додаде портпаролот на министерството.

Најмасовна манифестација беше „Бесмртниот полк“ во која само во Москва учествуваа над 700 илјади луѓе. Во колоната луѓе кои носеа фотографии од роднини-учесници во Големата Татковинска војна, одеше и претседателот на РФ Владимир Путин. Исти поворки имаше и во повеќето градови во Русија.

Празничните манифестации во градовите во Русија почнаа утрото на 9 мај и завршија доцна вечерта со огномети.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња