„Блумберг“: Шинзо Абе со посетата на Сочи ја проби „изолацијата” на Русија

Аналитичарите предупредуваат дека постата на Сочи за Јапонија е поврзана со извесни надворешнополитички ризици.

Во центарот на вниманието на влијателните западни медиуми се најде фактот дека властите на Јапонија, која е клучен сојузник на САД во азиско-тихоокеанскиот регион, го игнорираа апелот на Барак Обама да се откажат од посета на Русија.

Аналитичарот на агенцијата „Блумберг“ Хенри Мајер, од една страна, констатира дека Шинзо Абе со свјата посета ја „проби меѓународната изолација“ на Москва, а од друга страна, истакнува дека на Токио, кое наводно нема сојузници во сопствениот регион, не му преостанало ништо друго освен да побара нови контакти со Русија.

Аналитичарите истовремено предупредуваат дека посетата на Сочи за Јапонија е поврзана со извесни надворешнополитички ризици.

„Сега е најлошо време за зближување со Русија“, смета професорот на универзитетот

Темпл во Токио Џејмс Браун. „Шинзо Абе презема сериозен ризик, затоа што останатите членки на Г-7 јасно му дадоа до знаење дека не ја сметаат посетата на Сочи за добра идеја. И повикот на Обама пред оваа посета уште еднаш го потврдува тоа“.

Па сепак, истакнува агенцијата, „преседан што е опасен за Вашингтон“ е веќе направен и сега, по Абе, за посета на Русија се подготвува премиерот на Италија Матео Ренци. Се очекува тој да го посети годинешниов инвестициски форум во Санкт Петербург.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња