САД вршат притисок врз Јапонија и тоа го стесни дијалогот меѓу Москва и Токио, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Тоа, дека од притисокот по реалните препораки на Соединетите Американски Држави Јапонија, може да се каже, ги стесни нашите контакти и ја сврте работата во билатерална насока, тоа е точно“, изјави таа за телевизијата РТ, одговарајќи на барањето да ги коментира соопштенијата на јапонските медиуми дека претседателот на САД Барак Обама му телефонирал на премиерот на Јапонија Шинџо Абе и барал од него да не патува за Русија.
Според зборовите на Захарва, „дотогаш (на Јапонија) ѝ зборуваа дека не вреди да се патува и да се прават посети, тоа го правеа на мошне жесток начин“. „Но неодамна портпаролот на Вашингтон... рече дека ако се случи само еден контакт со руски претставници, тоа не е ништо страшно, и на тој начин им даде сигнал“, истакна таа.
Захарова истакна дека во моментов Јапонија е непостојана членка на СБ ООН и за неа членството на постојана основа како можен резултат од реформите на Советот за безбедност е многу важна тема.
„Тие навистина многу активно се обидуваат да го заземат местото на постојана членка на Советот за безбедност, се разбира во текот на реформата“, изјави таа.
„Се поставува прашање како една земја, која дури и прашањето за билатерални посети со своите соседи го решава исклучително по притисок или, обратно, по намалување на притисокот од некоја друга држава“, истакна Захарова.
Според нејзините зборови, „во тоа е и суштината, зашто земјата, која нема таква самостојност, може да претендира на самостојна улога во надворешната политика, заземајќи место во Советот за безбедност на ООН“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче