Песков: РФ се наоѓа во состојба на информативна војна со Англосаксонците

Информативната војна со трендсетерите, пред сѐ со англосаксонските медиуми, може да се смета за објавена, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Русија се наоѓа во состојба на информативна војна со англосаксонските медиуми, смета портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Велат дека Русија сега има лош имиџ во светот. А знаете ли кој исто така сега има лош имиџ во светот? САД. Ние сега се наоѓаме во состојба на информативна војна со трендсетерите во информативниот простор, пред сѐ со Англосаксонците, со нивните медиуми“, изјави Песков во емисијата „Право на знаење“ на телевизијата ТВЦ. Тој истакна дека може да се смета таа војна за објавена или необјавена.

„Но во такви услови занимавањето со имиџот е тешко препорачливо. Станува збор за пропаганда и контрапропаганда во добрата смисла на овој збор“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали денеска постои стратегија за подобрување на имиџот на Русија во очите на меѓународната јавност.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња