ЕУ прави план за борба против дезинформациите од Русија

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини ќе треба да изготви план за спротивставување на „дезинформациите од страна на Русија“ при известувањето од украинскиот конфликт, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува РИА „Новости“.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини ќе треба да изготви план за спротивставување на „дезинформациите од страна на Русија“ при известувањето од украинскиот конфликт. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува РИА „Новости“.

„Ние исто така ја потенциравме потребата да ѝ се упати предизвик на континуираната  руска кампања за дезинформирање на јавноста по повод конфликтот во Украина“, истакна Туск, прецизирајќи дека планот треба да биде претставен на самитот на лидерите на ЕУ што е планиран за јуни оваа година.

На 11 март Федерика Могерини изјави дека ЕУ веќе ја започнала борбата со руската пропаганда. „Тоа не е прашање на создавање контрапропаганда,  попрво е поддршка на слободата на медиумите, вклучително и на оние во Русија“, истакна таа. Според неа, Брисел треба да воспостави соработка со граѓаните на Русија, а руските власти треба да стават „крај на атмосферата на сомневање, омраза и нетрпеливост за плурализмот на мислења“.

Претходно шефовите на дипломатиите на Естонија, Литванија, Данска и Велика Британија предложија ЕУ да основа европски телевизиски канал наменет за рускојазичните жители на заедницата. Идејата исто така ја поддржа и Украина, која во меѓувреме изјави дека ќе основа свој канал наречен „Украина утре“ (Ukraine Tomorrow), како пандан на „Русија денес“ (Russia Today).  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња