Експерт: Русија ја презема обврската за контрола на примирјето во Сирија

„Со оглед на тоа дека САД по ова прашање заземаат пасивен став, Русија ја презема одговорноста и го контролира процесот на примирје во Сирија“, изјави експерт.

Русија поради пасивноста на САД врз себе ја презема врз себе обврската за контрола над примирјето во Сирија, изјави експерт за РИА „Новости”. Стручњакот на тој начин ја коментираше претходната изјава на началникот на Главната оперативна управа на Вооружените сили на Русија Сергеј Рудској за тоа дека Русија е подготвена од 22 март еднострано да го реализира спогодбата за механизмот за контрола на прекинот на огнот во Сирија.

Според зборовите на воениот политиколог, доцент на катедрата за политикологија и социологија на Рускиот економски универзитет „Плеханов” Александар Перенџиев, овие изјави на рускиот Генералштаб ја потврдуваат клучната улога на Русија во регулирањето на сирискиот конфликт. Москва е таа која ги основа институциите кои во иднина ќе го одредат правниот систем кој ќе биде воспоставен во Сирија по војната.

„Тоа значи дека токму Русија ги основа преговарачките институции, создава правила за функционирање на правниот систем на идна Сирија. Со оглед на тоа дека САД заземаат пасивен став, Русија ја презема одговорноста и го контролира процесот на примирје во Сирија“, изјави Перенџиев.

„Се работи за тоа дека, додека САД избегнуваат да го водат овој процес заедно со Русија, Русија ја презема обврската за утврдување на правилата на процесот за прекин на огнот. Таа притоа дејствува во име на целата меѓународна заедница, а пред сѐ како членка на Советот за безбедност на ООН“, изјави аналитичарот.

Според неговото мислење, механизмите за мониторинг на режимот за прекин на огнот ќе останат непроменети: набљудување од вселената, примена на беспилотни летала и други средства за разузнавање и извидување. 

Главниот уредник на магазинот „Национална одбрана” (Национальная оборона) Игор Коротченко смета дека одлуката на Министерството за одбрана да почне од 22 март напади врз вооружените формации во Сирија кои не го почитуваат примирјето е апсолутно навремена и легитимна.

„Одлуката на руското воено раководство е апсолутно оправдана, навремена и легитимна од гледна точка на нормите на меѓународното право, затоа што САД, одлагајќи ја практичната одлука за заеднички пристап кон овој проблем,  фактички сакаат да ги заштитат вооружените групи во Сирија кои не го почитуваат режимот на прекин на огнот“, изјави Коротченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња