Одговарајќи на прашањето за тоа дали смета дека поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон направила сериозен пропуст кога решила да ја користи за службени потреби својата приватна електронска пошта, Хејден изјави дека кога тој сѐ уште би работел во АНБ и би му рекле дека „на Сергеј Лавров или некој сличен приватната електронска пошта не е заштитена, тој би поместил и планини“, пишува „Взгљад“.
„Да се помисли само дека дипломатската служба може да дознае, да се запознае дури и со таква информација која не би била класифицирана“, потенцира тој. „Притоа, не велам дека преземавме или не преземавме некакви дејствија во однос на министерот за надворешни работи на Русија. Само велам дека како државен секретар, Хилари Клинтон претставува логична цел за странското разузнавање“.
Поранешниот шеф на ЦИА и АНБ изрази увереност дека дури да не се доверливи податоците кои Клинтон ги чувала во своето електронско сандаче, „тие претставуваат огромен интерес за разузнавањето“. „Јас би ја изгубил почитта спрема низа разузнавачки служби доколку тие не би ги вложиле сите сили за да се запознаат со нив“, наведе Хејден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче