Москва е сега третиот град во светот според бројот на милијардери, соопшти кинескиот Истражувачки институт „Хурун“.
До крајот на 2015 година бројот на милијардери во рускиот главен град се намалил за 7, така што вкупниот број на милијардери сега изнесува 66.
На прво место се најде Пекинг, каде бројот на милијардери порасна на бројката 100 (зголемување за 32), додека Њујорк, каде бројот порасна за 4 (вкупно 95), го зазема второто место. Хонгконг и Шангај се рангирани на 4 (64), односно 5 место (50 милијардери).
Москва беше прва на листата во 2013 година со 76 милијардери, но во 2014 година приматот ѝ го зеде Њујорк.
Сѐ на сѐ, во 2015 година бројот на милијардери се зголемил за 99 – до рекордот од 2188 лица, што е за двапати повеќе од 2014 година. Нивниот вкупен приход изнесува 7,3 трилиони долари – речиси половина од БДП-то на САД.
Русија е шеста на листата земји со најмногу милијардери, со 80 ултрабогати поединци – 13 помалку отколку во 2014 година. Според „Хурун“, вкупниот приход на руските милијардери се намалил за 36% во 2015 година, на 234 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче