Државниот секретар на САД Џон Кери смета дека радикалниот екстремизам претставува главна закана за САД. Вакво мислење тој искажа на сослушувањето пред комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес, пренесува ТАСС.
Конгресмените го прашаа државниот секретар што претставува главна закана за САД – Русија или радикалниот исламски тероризам „Ако сакате да ја изберам главната закана за САД, тогаш во моментов тоа се екстремизмот, радикалниот религиозен екстремизам и насилството“, изјави државниот секретар.
Коментирајќи ги изјавите на претставниците на Пентагон дека Москва е најголемата закана за САД, Кери рече дека тие зборови се поврзани со тоа што „тие сметаат дека некои постапки на Русија претставуваат проблем“ . Како пример тој ја наведе Украина.
Според неговите зборови, екстремизмот „ѝ се заканува на стабилноста во целиот свет“.
САД и Русија соработуваат во борбата со тероризмот во целиот свет, потецираше Кери „Ние се обидуваме да сорабоотуваме со Русија во решавањето на овој проблем (на меѓународниот тероризам). САД и Русија копретседаваат со Меѓународната група за поддршка на Сирија. Работиме многу тесно во спротивставувањето на меѓународниот тероризам“, истакна тој.
„Сметам дека тероризмот е доминантниот проблем за нас, а Русија соработува со нас во неговото решавање“, заклучи Кери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче