Претседател на „Сбербанк“: Русија е земјата што загуби

Технолошкото заостанување сѐ уште може да се надмине доколку се почне со коренита перестројка на образованието, изјави претседателот на „Сбербанк“ Герман Греф.

Русија ја загуби конкуренцијата во светската економија, при што нејзиното заостанување зад напредните земји се заканува да стане поголемо отколку во времето на индустриската револуција, изјави во петокот претседателот на „Сбербанк“ Герман Греф на платформата „Иднината на невозможното“ на форумот „Гајдар“ во Санкт Петербург.

Според неговото мислење, настапи крајот на нафтената ера и единствената шанса за земјата е тројството „наука - образование – бизнис“ при коренита промена на квалитетот на сите државни институции“, пренесува „Ведомости“.

„Ние ја загубивме конкуренцијата, треба чесно да се каже. И тоа е технолошко поробување, ние се најдовме во редот на земјите кои губат, на списокот на земји со побавна брзина. Земјите и луѓето кои успеаја да се адаптираат навремено и да инвестираат во тоа – тие се победниците. Земјите кои не успеаја да се адаптираат на сопствената економија, и целиот социјален систем, и сите институции – тие ќе губат. Разликата ќе биде поголема отколку во времето на минатата индустриска револуција“, изјави Греф, пренесува „РНС“.

За да се поправи ситуацијата, тој повика на започнување длабока промена на моделот на образование – од детска градинка до факултет, на откажување од „стариот советски систем на образование – полнење на децата со огромен обем на информации“ и вклучување во технолошката револуција.

Трансферот на постојниот модел во е-учење не ги решава проблемите.

„Не верувам во наука што не е поврзана со практика, во образование што не е поврзано со практика, во бизнис што не поврзан со наука и образование“, потенцираше претседателот на „Сбербанк“.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња