Путин е „човекот на годината“ во Русија

Рејтингот го составија социолозите од „Левада-центарот“.

Социолозите од „Левада-центарот“ традиционално ги анкетираа Русите да ги одберат „човекот на годината“ и „жената на годината“ во Русија, пренесува „Интерфакс“.

Како и претходно, за „човек на годината“ испитаниците го избраа претседателот на РФ Владимир Путин (56% во 2015 година, 57% во 2014 година, 26 во 2013 година).

Анкетата беше спроведена од 18-21 декември 2015 година на 1600 испитаници во 137 населени места во 48 региони на РФ.

Меѓу другите „луѓе на годината“ се и министрите за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров (10%) и за одбрана Сергеј Шојгу (10%), премиерот на РФ Дмитриј Медведев (4%) и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко (2%).

Првото место во рејтингот за „жена на годината“ го делат спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко и канцеларката на Германија Ангела Меркел (по 6%). На листата се и пејачките Полина Гагарина (4%) и Ала Пугачова (2%), како и претседателката на Централната банка на РФ Елвира Набиулина (1%).

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња